Од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на Програмата Еразмус +, Клучна акција 1: Мобилности за учење на индивидуи, одобрен е грант под број 2019-1-MK01-KA102-060108 за Проектот Практична обука за заварувач / Practical Training – Welder.
Главната цел на проектот е да се отворат можности за зголемување на стручните знаења и вештини кај учесниците за примена на современи технологии и достигнувања во заварувањето, Проектот вклучува практична обука за заварувачи на 22 ученици од средните училишта: СОУ Коле Нехтенин – Штип, СОУ Кочо Рацин – Свети Николе, СОУ Киро Спанџов- Брко – Кавадарци. Покрај стекнување на професионални и практични вештини и знаење учениците ќе го развијат и претприемачкиот дух и ќе се запознаат со културата, обичаите и јазикот на Португалија.
Координаторнапроектот е ПОУ ОГДУ „ВанчоПрќе“ од Штип.
Мобилноста ќе се одвива од 25 јануари до 08 февруари 2020 година во Брага – Португалија.
Следете не на фејсбук https://www.facebook.com/Practical-Training-Welders-109342330539485/