Од страна на Нашиот Универзитет, во рамките на Програмата Еразмус +,  реализиран е уште еден проект за ,,Покревање на свеста за позелено утре (Raising Awareness for a Greener Tommorow)”

Прв онлајн состанок на партнерскиот конзорциум на проектот RAGT – 07.11.2023

Со задоволство ве известуваме дека партнерите кои стојат позади проектот “Raising Awareness for a Greener Tomorrow” официјално се состанаа на првиот онлајн состанок!

Претставници од  организациите од Хрватска  (ЧАКОМ, Отворен граѓански универзитет Чаковец), Словенија (Народен универзитет Лендава) и Северна Македонија (Приватна образовна установа отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прќе“ – Штип) виртуелно се состанаа со цел да го започнат овој 18-месечен проект фокусиран на образование за животната средина.

Во следната година и пол, ќе соработуваме на:

  • Спроведување истражување за образование за животната средина и практики за управување со отпад во нашите држави;
  • Создавање ресурси како методолошки прирачник и наставна програма за поттикнување на возрасните едукатори и ученици за зелени теми;
  • Пилот работилници за подигање на свеста за еколошки прашања;
  • Развивање веб страна и интерактивни алатки за промовирање одржливост.
  • Со здружување на нашата страст и експертиза, целиме кон опремување на индивидуи и заедници со знаење и вештини да прават еколошко свесни избори.

Прв транснационален партнерски состанок во Хрватска – 08.12.2023

Партнерите од проектот “Raising Awareness for a Greener Tomorrow” 2023-1-HR01-KA210-ADU-000155794 се состанаа на првиот транснационален состанок во Чаковец! Целта на Еразмус + проектот RAGT е да ги поттикне поединците и заедниците да се стекнат со потребното знаење, вештини и алатки за да ја направат иднината што е можно позелена.

Партнерите од Хрватска (носител на проектот ЧАКОМ и партнер – Отворен граѓански универзитет Чаковец), Словенија (партнер – Народен универзитет Лендава) и Северна Македонија (партнер – Отворен граѓански универзитет за доживотно учење Ванчо Прќе) за време на состанокот се фокусираа на планирање и имплементирање на првичните проектни активности: спроведување истражување за образование за животната средина и практики за управување со отпад во партнерските земји како и развивање на веб страна и интерактивни алатки за промовирање на одржливи практики. За време на состанокот, исто така планиравме и размена на добри практики како и посета на локалното комунално претпријатие. Како дел од ова, имавме и посета на депонија и фабриката за селектирање во Тотовец, каде од прва рака ги видовме и научивме начините на кои ЧАКОМ работи и придонесува за заштита на околината.

Извештајот RAGT е достапен

Извештајот за состојбата на справување и управување со отпад и негово сортирање во Хрватска, Словенија и Северна Македонија, вклучувајќи ги и резултатите од идентификуваните потреби на возрасните ученици во однос на зелени теми и образование за животната средина, се достапни.

Можете да ги најдете овде.

Извештајот дава сеопфатна анализа на состојбата на управување со отпад и образовните потерби на возрасните ученици во Хрватска, Словенија и Северна Македонија. Спроведеното истражување ги испитува националните системи на управување со отпад во европски контекс, законските рамки, иницијативите за покренување на јавната свест, праксата на управување со отпад во домакинствата, пристапите на одржливо управување со отпад, влијанието на отпадот врз околината и здравјето како и најдобрите практики и технолошки иновации во управувањето со отпад. Анкетата на возрасните ученици нуди увид во нивните нивоа на свест, еколошко свесни практики, интереси за учење, кои видови на учење ги преферираат, мотивација и согледани бариери поврзани со можностите за образование за животната средина. Извештајот служи како основа за развој на последователни образовни ресурси во рамките на RAGT проектот.

Втор онлаін состанок на партнерскиот конзорциум на RAGT25.04.2024

Претставници од организациите од Хрватска (ЧАКОМ, Отворен грагански универзитет Чаковец), Словениа (Народен универзитет Лендава) и Северна Македониа (Отворен грагански универзитет за доживотно ученье Ванчо Прке) се состанаа со цел да го договорат престониот состанок со физичко присуство во Северна Македониза како и развоот на АЗ Прирачникот.

Втор партнерски состанок во живо во С.Македониjа – 22.07.2024

Оваа недела во Северна Македониjа се одржа вториот партнерски состанок на Еразмус + проектот Raising Awareness for a Greener Tomorrow – „Подиганье на свеста за позелено утре”. Преку проектот RAGT, имаме за цел да ja подигнеме свеста за важноста од правилно селектиранье и управуванье со отпадот, каде што секо од нас може да даде мал, но многу значаен придонес. На состанокот разговаравме за следните проектни активности поврзани со изработка на прирачник за подучуванье зелени теми за едукатори и креираье онлан пребарувач/дигитален асистент за селектиранье отпад. Како дел од состанокот, го посетивме JП ИСАР, jавно комунално претпријатие, каде од прва рака слушнавме за нивните искуства во управуваьето со отпадот и исто така ги идентификувавме областите каде што можеме да соработуваме во иднина.

Методолошкиот прирачник е достапен

Методолошкиот прирачник кој е дизајниран да ги насочи наставниците кои работат со возрасни ученици во ефективно предавање на еколошки теми,
е сега достапен овде.

Трет онлајн состанок на партнерскиот конзорциум од проектот – 24.10.2024

Претставници од хрватските организации (ЧАКОМ, Отворен граѓански универзитет – Чаковец), Словенија (Народен универзитет – Лендава) и Северна Македонија (Отворен граѓански универзитет за доживотно учење „Ванчо Прке“) се собраа за да разговараат за развојот на наставната програма А4 и алатката за пребарување на отпад А5, и да започне со планирање на претстојната средба во Словенија.

Алатка за пребарување – Сега е достапна!

Бидете поинформирани за тоа како правилно да го поделите вашиот отпад од домаќинството користејќи ја едукативно-информативната алатка за пребаруваање на RAGT.
Испробајте овде.

Одржан четврти виртуелен состанок на проектниот конзорциум – 10.01.2025

Партнерите на Еразмус+ проектот „Подигнување на свеста за позелено утре“ го одржаа четвртиот онлајн состанок. Претставници од Хрватска (носител на проектот ГКП ЧАКОМ д.о.о. и партнер во проектот Народен отворен универзитет Чаковец), Словенија (партнер Лјудска универза Лендова) и Северна Македонија (партнер Центар за доживотно учење Ванчо Прке) се собраа за да дискутираат за следните проектни активности поврзани со развојот на наставни програми за возрасни слушатели, спроведување на пилот работилници и понатамошно континуирано дополнување на дигиталната едукативно-информативна алатка за селекција на отпад.

Одржан петтиот виртуелен состанок на проектниот конзорциум – 11.03.2025

За време на состанокот, учесниците се фокусираа на финализација на преводот на курикулумот за предавање зелени теми и на планирање на пилот-работилници за идните учесници. Особено внимание беше посветено на пребарувачот за сортирање отпад, за кој изразија задоволство, бидејќи веќе содржи повеќе од 40 различни предмети. Партнерите продолжуваат посветено да работат на натамошната имплементација на проектот, со цел да придонесат кон зачувување на животната средина и подигнување на еколошката свест во заедницата.

TPM #3 во Словенија – 04.04.2025

Оваа недела ја посетивме Словенија во рамки на третиот партнерски состанок од Еразмус+ проектот „Подигнување на свеста за позелено утре“ (RAGT). Проектот RAGT има за цел подигање на свеста за важноста од правилно селектирање и управување со отпадот, нагласувајќи како секој поединец може да даде мал, но значаен придонес кон одржливоста на животната средина. Главниот фокус на состанокот беше на курикулумот кој е развиен за зголемување на свеста и вештините поврзани со еколошки теми кај возрасните ученици. Исто така, разговаравме за претстојната пилот-фаза на имплементација на курикулумот во трите партнерски земји. Како дел од активностите на состанокот, посетивме локално комунално претпријатие за управување со отпад, каде од прва рака добивме увид во практиките за управување со отпад во Словенија.

Искрена благодарност до сите учесници во овој значаен Проект.