Нашиот тим на обучувачи беше збогатен со уникатно меѓународно искуство во Варна, Бугарија
Од 23 до 30 јуни 2025 година, нашиот тим со гордост учествуваше на меѓународната обука „Empowering trainers in NFO“, која се одржа во Варна, Бугарија. Програмата, организирана од Фондацијата ОРЕНДА, собра 24 едукатори и обучувачи од шест различни европски земји, сите со заедничка цел – унапредување на вештините и размена на искуства во областа на неформалното образование за млади.
Цели на програмата
- Зајакнување на знаењето за значењето на неформалното образование,
- Развивање на вештини за презентација и фасилитација,
- Воведување иновативни методи за работа со млади,
- Подобрување на комуникациските и интерперсоналните вештини,
- Поттикнување на меѓународна соработка и идни проекти.
Истражени теми
Учесниците имаа можност да истражуваат богата едукативна програма која ги опфати теоретските и практичните аспекти на неформалното образование. Клучните теми што беа обработени вклучуваа: теорија и пракса на неформално образование, планирање и структуирање на работилници, групна фасилитација, јавно говорење, менаџирање конфликти, како и личен развој и лидерски улоги.