Од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на Програмата Еразмус +, Клучна акција 1 – Образование на возрасни, одобрен е грант под број 2021-1-MK01-KA122ADU-000018296 за Проектот Негователи на стари лица / Elderly Care Givers.

Главната цел на проектот е да се отворат можности за зголемување на стручните знаења и вештини кај учесниците како и развивање на претприемачкиот дух и запознавање со културата, обичаите и јазикот на Германија.

Координатор на проектот е ПОУ ОГДУ „Ванчо Прќе“ од Штип.

Мобилноста ќе се одвива од 01 – 14 јули 2022 година во Лајпциг – Германија.